![](https://pdfstore-manualsonline.prod.a.ki/pdfasset/7/b0/7b0c129b-9ebd-45fe-a6a6-a0e96b656ca6/7b0c129b-9ebd-45fe-a6a6-a0e96b656ca6-bgd4.png)
МК
21
Ладилникот често или долго работи.
• Новиот ладилник веројатно е поширок од претходниот. Тоа е сосема нормално.
Големите ладилници работат подолг период.
• Собната температура е висока. Ова е нормално.
• Ладилникот веројатно е приклучен неодамна или можеби е преоптоварен со храна.
Комплетното разладување на ладилникот може да потрае неколку часа подолго.
• Веројатно е ставена голема количина врела храна во ладилникот неодамна. Врелата
храна предизвикува подолг период на работа на ладилникот сè додека не се постигне
безбедна температура на складирање.
• Вратите веројатно биле често отворани или оставени подотворени долг период.
Топлиот воздух што навлегол во ладилникот предизвикува тој да работи подолг
период. Отворајте ги вратите поретко.
• Вратите на одделите на ладилникот или замрзнувачот веројатно биле оставени
подотворени. Проверете дали вратите се добро затворени.
• Ладилникот е прилагоден на многу ниска температура. Прилагодете ја температурата
во ладилникот на повисок степен и почекајте додека не се постигне температурата.
• Гумата на вратата од ладилникот или замрзнувачот е нечиста, истрошена, искината
или не е правилно поставена. Исчистете ја или заменете ја гумата. Оштетена /
искината гума предизвикува ладилникот да работи подолг период за да ја одржува
тековната температура.
Температурата во замрзнувачот е многу ниска додека температурата во ладилникот
е задоволителна.
• Температурата во замрзнувачот е прилагодена на многу ниска температура.
Прилагодете ја температурата во замрзнувачот на повисок степен и проверете.
Температурата во ладилникот е многу ниска додека температурата во замрзнувачот
е задоволителна.
• Температурата во ладилникот е прилагодена на многу ниска температура.
Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и проверете.
Храната што се чува во фиоките на ладилникот се замрзнува.
• Температурата во ладилникот е прилагодена на многу ниска температура.
Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и проверете.
Температурата во ладилникот или замрзнувачот е многу висока.
• Температурата во ладилникот е прилагодена на многу висока температура.
Прилагодувањето во ладилникот влијае врз температурата во замрзнувачот. Сменете
ја температурата во ладилникот или замрзнувачот додека истата не постигне
задоволително ниво.
• Вратата веројатно била оставена подотворена. Затворете ја вратата убаво.
• Веројатно е ставена голема количина врела храна во ладилникот неодамна.
Почекајте додека ладилникот или замрзнувачот не ја постигнат саканата
температура.
• Ладилникот веројатно бил приклучен неодамна. Целосно разладување на
ладилникот трае подолго заради неговата големина.